(ВИДЕО) НБА лига: Бостон со трета победа од над 50 поени разлика; историски пораз на Голден Стејт!

Најдобриот тим во лигата сезонава, Бостон селтикс ги декласираше Голден Стејт вориорс, 140:88 и ја постигна третата најголема победа во клупската историја. Вориорс го претрпеа четвртиот најтежок пораз.

Џејлен Браун постигна 29, Џејсон Тејтум 27, а Пејтон Причард 19 поени во третиот натпревар на Бостон со победа од над 50 поени, единствениот тим во НБА што го постигнал тоа во една сезона.

Дополнително, тие ја продолжија победничката серија на 11 натпревари и сега се на врвот во лигата со скор 48-12. Вориорс имаат 32-28.

Лестер Кинонес постигна 17, а Мозес Муди 11 поени поени за Голден Стејт. Најголемата ѕвезда на гостите, Стеф Кари не играше во второто полувреме и го заврши натпреварот со само четири поени,

Тоа му е најслаб ефект сезонава и најлош од март 2022-та кога постигна три поени за 16 минути игра, исто така против Бостон, но прерано го заврши мечот поради повреда.

Бостон само двапати победил поубедливо, против Чикаго (133:77) на 8 декември 2018 и против Сакраменто (128:75), на 25 јануари 2022 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО