Брахим Дијаз реши да игра за Мароко

Офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид, Брахим Дијаз, кој има шпанско државјанство, ќе игра за мароканската репрезентација, пренесува „АС“.

Според истиот извор, 24-годишниот играч за врска, би можел да биде повикан за претстојните пријателски натпревари на африканската репрезентација чии челници ги подготвуваат потребните документи за него.

Селекторот на репрезентацијата Валид Реграги му ветил на играчот на Реал Мадрид клучна улога во неговиот тим.

Дијаз е роден во Малага, Шпанија, но неговите родители имаат мароканско потекло. Тој има одиграно само еден пријателски натпревар за шпанската репрезентација, на 8 јуни 2021 година, против Литванија (4:0), и даде гол.

Сезонава Дијаз одигра 31 натпревар за Реал во сите натпреварувања, постигна осум гола и шестпати асистираше, Неговата цена на фудбалскиот пазар, според интернет порталот Трансфермаркт, изнесува 20 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО