Ст. Паули и Холштајн Кил обезбедија промоција во Бундеслигата

Екипите на Ст. Паули и Холштајн Кил следната сезона ќе играат во германската Бундеслиха. Ст. Паули во 33. коло од 2. Бундеслига на домашен терен го победи Оснабрук со 3:1 и со тоа обезбеди пласман во најсилниот ранг на германскиот фудбал следната сезона, по пауза од 13 години, откако во 2011 година испаднаа од елитата.

Во Бундеслигата директен влез обезбеди и екипата на Холштајн Кил, коај вчера одигра 1:1 со Фортуна од Дизелдорф, што беше доволно за да обезбеди промоција за првпат во својата клупска историја.

За третото бундеслигашко место ќе се бори Фортуна Дизелдорф, која во два натпревари ќе игра против тимот кој ќе го освои 16. место во Бундеслигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО