Фудбалерите на Струга Трим Лум во претпоследното коло од тековата прволигашка сезона кај нас, направија голем подвиг победувајќи ја Шкендија во Тетово со 2-0 и со тоа и официјално обезбедувајќи ја вторпат во низа шампионската титула на домашната сцена.
Неверојатниот Ибраими со еден велемајсторски погодок ги донесе гостите во водство од 1:0 во првото полувреме, а печат на шампионската победа стави Радески во вториот дел од мечот.
Вардар одигра нерешено 1:1 во Кратово, а и Брера Струмица извади реми кај Шкупи на „Чаир“ по што Вардар дефинитивно оди во бараж за опстанок против екипата на Детонит Плачковица.
ПМФЛ: 32. КОЛО
Шкупи – Брера 0-0
Шкендија – Струга ТЛ 0-2
Гостивар – Работнички 0-0
Тиквеш – Воска 0-0
Силекс – Вардар 1-1
Македонија ЃП – Брегалница 2-1