Со каков состав Реал ќе истрча во Манчестер: Анчелоти ја увиде грешката од ланската катастрофа

Реал Мадрид оваа среда се враќа на „Етихад“, каде ги очекува реванш пресметката во четвртфиналето од ЛШ.

„Кралевите“ ќе мора да победат по ремито (3:3) на првиот меч, ако сакаат да се пласираат во полуфиналето од ЛШ. Нешто што на прв поглед делува комплицирано сценарио, но сепак, ова е натпревар во кој секогаш има троен знак или тип во обложувачки жаргон.

Минатата сезона, избраниците на Анчелоти загубија со 4-0 во реваншот од полуфиналето, а сега се враќаат на местото на „злосторот“.

За мечот во среда, Мундо Депортиво излезе со одредени информации околу составот на Реал Мадрид.

За разлика од минатата сезона, овој пат Анчелоти во Манчестер ќе стартува со Антонио Рудигер, што веројатно беше и најголемата грешка минатата сезона на искусниот Карло Анчелоти, а се укажува на тоа дека на левата бековска позиција ќе го исфорсира Менди. Во средината на теренот Крос ќе го стартува натпреварот со Камавинга, а скоро извесно и Валверде ќе биде од првата минута.

Пред сите нив, ќе делува најверојатно Белингем, кој ќе го „глуми“ Бензема или барем некоја лажна деветка, а со Винициус и Родриго, Анчелоти ќе напаѓа по страните.

Се чини дека тоа е препознатлива формација, но сезонава се надеваат дека ќе наплатат за минатогодишните проблеми и елиминација.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО