Хилсборо 1989: 35 години од трагедијата за која органите беа виновни, но никогаш не признаа вина!

Денеска се навршија 35 години од несреќата на фудбалскиот стадион Хилсборо 1989 година, во која загинаа 97 навивачи на Ливерпул.

Жртвите починаа во пренатрупан простор на самиот стадион во Шефилд, Северна Англија, домот на фудбалскиот клуб Шефилд Венздеј, за време на полуфиналето од ФА Купот помеѓу Ливерул и Нотингем Форест.

Семејствата на загинатите со години водат кампања за правда, одбивајки да прифатат дека смртта на нивните најблиски беше случајна, откако претходно, полицијата ги обвини првобитно навивачите за катастрофата која им се случи.

Во 2012 година, тогашниот премиер на Британија, Дејвид Камерун, се извини за кастрофата, а истрагата од 2016 година заклучи дека навивачите кои загинаа, биле жртви на полицијата, дека органите на редот со години ја криеле вистината и своите грешки при протоколот за излез на навивачите од стадионот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО