„Специјалниот“ ептен ја погоди за Чаби Алонсо: Неговото сведоштво од 2019 година..

Жозе Мурињо многупати низ кариерата брилјирал со своите зборови во неговите јавни настапи, а околу една тема во 2019 година, изгледа ептен ја погоди.

Во 2019 година, на еден јавен настап, Жозе Мурињо зборуваше за дел од своите фудбалери и за кој играч сметал дека може да биде голем тренер, а тогаш „специјалниот“ истакна дека сите предиспозиции да биде голем тренер ги има Чаби Алонсо, а тоа сега се потврди со Баер Леверкузен.

– Би рекол Чаби Алонсо, неговиот татко беше тренер, созреваше на сличен начин како и јас. Чаби е роден со татко фудбалер, а растеше со татко кој беше тренер и учеше од него. Потоа стана играч, се разбира многу подобар од мене, па стана врвен играч.

– Неговата позиција стануваше се позначајна на терен. Потоа играше во Шпанија, Англија и Германија, тренираше со Гвардиола во Баерн, со мене во Реал Мадрид, со Анчелоти исто така во Реал, со Бенитез во Ливерпул, доколку се собере се, мислам дека Чаби ги има сите услови да биде добар тренер, порача во 2019 година Мурињо.

Баер Леверкузен стана прв пат шампион во Бундеслигата, а нивни тренер кој прв се закити со титулата е токму Чаби Алонсо, по што се носи заклучок дека „специјалниот“ беше во право.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО