Словенија со нов „Американец“ ќе се бори за пласман на ЛОИ во Париз

Словенија ќе има шанса да го засили својот кошаркарски тим кој го очекуваат олимписки квалификации за Париз со нов натурализиран кошаркар. Од денеска словенечки пасош има центарот на Макаби Тел Авив, Џош Небо.

Засега не се знае дали Небо ќе се најде во ист тим со Лука Дончиќ за претстојните олимписки квалификации на почетокот на јули, затоа што тој не беше вклучен во прелиминарниот ростер. Во тој список беше аставен досегашниот натурализиран кошаркар Мајк Тоби.

Небо може да биде вклучен во тимот на Словенија, затоа што финалните листи не се пријавени се уште. Американско-нигерискиот центар оваа година во Евролигата имаше просек од 11,2 поени и 7,1 скока.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО