Македонскиот тим ТФТ Скопје донесе ново засилување во своите редови.
Се работи за Американецот Тајшон Комер – динамичен бек кој носи цврстина, лидерски квалитети и вистински натпреварувачки дух.
Комер оваа сезона се истакна како еден од најдобрите кошаркари на Универзитетот Невада, завршувајќи како трет стрелец на тимот со просек од 12,5 поени по натпревар, прв по асистенции со 3,7 по натпревар и четврти по бројот на украдени топки (20).