Кошаркарски клуб Дубровник објави дека е потпишан договор со Виктор Ташовски, 24-годишниот македонски плејмејкер.
Ташовски доаѓа во Дубровник од редовите на ТФТ Скопје, каде што одигра 31 натпревар минатата сезона, со просек од 15,8 поени, 3,3 асистенции и 1,3 украдени топки по меч.
Тој играше и во АБА 2 лигата, каде што имаше просек од 14,4 поени и 2,7 асистенции по натпревар.