Иако Германија ја има улогата на домаќин на мечот со Унгарија, тие се решија мечот да го одиграа во нивниот резервен дрес со невообичаена розово-виолетова нијанса. Германците се одлучија на овој потег откако овој „гостински дрес“ се покажа како исклучително популарен кај навивачите.
Според некои информации, тој го собори рекордот за најмногу продадени „гостински дресови“ низ историјата од кога беше пуштен во продажба пред стартот на ЕП 2024, потврди портпаролот на Германската фудбалска федерација.
Дресот е нарешен „различност“, а Адидас вели дека ја „претставува различноста на германската база на фанови и пошироката популација“.