Словенија се пласира во осминафиналето – им пристигнала изненадувачка пратка во соблекувалната (Фото)

Со нерешеното на Словенија против Англија, тие се пласираа во осминафиналето од ЕП, а расположението дополнително го поправил легендарниот некогашен напаѓач на германската репрезентација, Лукас Подолски, кој решил да го почасти во таборот на Словенија.

Екс фудбалерот на Келн, Баерн и Арсенал, им обезбедил на Словенците храна, со испорака на 50 донери, јогурт и пијалоци.

Подолски по завршување на кариерата, разви бизнис со брза храна ширум Германија, а по натпреварот помеѓу Словенија и Англија, го повикал соиграчот Ерик Јанжа, со кој моментално игра заедно во полскиот прволигаш Горник Забрже.

Порачката потоа била доставена во соблекувалната, па Словенците се частеле за големиот успех и преку Твитер му се заблагодариле за великодушноста на Подолски.

Ривалот на Словенија во осминфаиналето ќе биде познат по расплетот во групата Е, каде сите селекции (Романија, Белгија, Словачка и Украина) имаат по три бода.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО