Фоден ја напушти репрезентацијата од ЕП: Морал итно да се врати дома поради – проблеми!

Членот на Манчестер Сити, Фил Фоден, морал да го напушти итно кампот на Англија и се упатил кон Британија.

Иако нема прецизни информации за што станува збор, потврдено е дека Фоден морал да замине кон дома поради одредени семејни проблеми, а пости можност тој да не се врати во репрезентативниот табор до следниот меч во осминафиналето.

Англија својот осминафинален меч го игра против селекцијата на Холандија, меч кој ќе биде вистински тест за амбициите на „Гордиот Албион“ на овој турнир.

Што се однесува до Фоден, тој ни одблиску не беше на нивото кое се очекуваше од него и нивото поради кое беше прогласен за најдобар играч на Манчестер Сити минатата сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО