Словенецот Ланишек најдобар во Гармиш-Партенкирхен, Велингер и Кобајаши главни кандидати за триумф на турнејата

Словенецот Анже Ланишек победи во Гармиш-Партенкирхен, на вториот натпревар во рамките на новогодишната турнеја во скијачки скокови, „Четири скокалници“.Тоа беше прва победа за него на новогодишната турнеја и прва за словенечки скокач во Светскиот куп (СК) сезонава.

Ланишек (27) беше подобар од Јапонецот Роју Кобајаши за само 3,2 поени. Германецот Андреас Велингер, победникот на првиот натпревар во Оберсдорф, беше трет со што го задржа водството во генералниот пласман пред Кобајаши (600,7: 598,9).

За  Ланишек ова беше шеста победа во кариерата. Словенците го добија третиот победник на „Четирите скокалници“, по Примож Петерка (1997 и 2003) и Петер Превц (2016).

Велингер и Кобајаши остануваат главните кандидати за победа на турнејата, бидејќи третопласираниот, Австриецот Стефан Крафт заостанува за големи 25,2 поени (575,5).

Турнејата продолжува во Австрија, со натпреварите во Инсбрук, во среда и во Бишофсхофен, во сабота.

Кобајаши има двапати победувано на „Четирите скокалници , во 2019 и 2022-та,  а последен Германец на кого тоа му успеа беше Свен Ханавалд во 2002 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО