Франц Бекенбауер е тешко болен

Здравствената состојба на легендарниот германски фудбалер и тренер Франц Бекенбауер се влошила, потврди неговиот син Валтер во документарецот наречен Бекенбауер.

-Тој не се чувствува добро. Ако ви кажам дека е добро, ќе лажам, а не сакам да лажам. Неговото здравје е многу нестабилно. Секој шок за неговото тело може да биде фатален. Тој не може сам да одлучува и неговото сеќавање е оштетено, рече тој.

Во последните месеци се појавија многу шпекулации за здравјето на Бекенбауер, кој на 11 септември ќе наполни 78 години, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Светскиот шампион како играч (1974-та) и како тренер (1990) се повлече од очите на јавноста.

Поради здравствени причини, Бекенбауер не учествуваше на состанокот на поранешните репрезентативци од 1990 година, кој се одржа на 9 јули.

Бекенбауер не патуваше и во Бразил на погребот на својот пријател Пеле на почетокот од минатата година.

„Би сакал да го сторам тоа, но, за жал, моето здравје не дозволува толку долг лет. Во срцето ќе го видам мојот пријател на неговото последно патување“, изјави тогаш поранешниот фудбалер со прекарот Кајзер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО