Конечно добри вести за Јирген Клоп

Фудбалерот на Ливерпул, Енди Робертсон е во игра за утрешниот натпревар од Лига Купот со Фулам.

Тој се врати на нормалните тренинзи по повредата на рамото што ја заработи против Шпанија во октомври додека настапуваше за Шкотска и утре Јирген Клоп ќе може да смета на него.

Поголемиот дел од времето беше добро заменет со Костас Цимикас, но потоа Гркот неодамна заработи повреда на рамото против Арсенал, поради што Клоп мораше да импровизира со Џо Гомез на левиот бек. Попатно се повреди и Трент Александер-Арнолд, а со него и Доминик Собослај.

Но, сите освен Цимикас се многу блиску до враќање и би можеле да играат против Норич викендот во ФА Купот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО