Реал Мадрид ја заврши сезоната со клупски рекорд

Во последното коло од шпанското првенство, Реал Мадрид одигра нерешено со Бетис, 0:0. Со ова, Реал ја заврши сезоната во Ла лига со 21 „чиста“ мрежа, што е нов клупски рекорд.

Претходниот рекорд беше 19 натпревари без примен гол, во сезоните 1986/87, 1987/88 и 2019/20. Во сите четири случаи, тимот стана шампион. Андреј Лунин има најмногу „чисти“ мрежи меѓу голманите на клубот, 10.

Реал Мадрид претрпе само еден пораз, победи на 29 меча и ремизираше осум пати. Второто место и припадна на Барселона, со 85, а третото на Џирона со 81 бод. Од Ла лига испаднаа Кадиз (33 поени), Алмерија и Гранада (по 21 поен).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО