Симеоне: Играме против добар тим, ќе биде одличен меч

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне зборуваше пред вечерашниот реванш четвртфинален меч во Лигата на шампиони (ЛШ) со Борусија Дортмунд, на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ (21 часот). Првиот натпревар го доби Атлетико со 2:1.

– Се соочуваме со силен тим, тие ќе почнат со многу силно темпо, така што и ние ќе мораме да го одржиме тоа ниво до крајот на натпреварот. Веруваме во себе, се’ е во ред со нас. Ќе биде добар натпревар.

Тие имаат многу вешти крилни играчи кои доаѓаат од втората линија, добро и брзо ја префрлаат топката. Нашиот тим функционира многу добро, сите напредувавме, постигнуваме важни резултати во Ла лига, ова ни е можност да растеме уште повеќе во фудбалскиот свет, рече Симеоне за „Мундо Депортиво“..

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО