Торган Азар потешко се повреди, ќе паузира осум месеци

Крилниот напаѓач на Андерлехт, Торган Азар (31) ги скина вкрстените лигаменти на десното колено на натпреварот против Унион Сент Жилуас, поради што ќе отсуствува осум месеци. Сезонава Азар одигра 25 натпревари, постигна четири гола и имаше шест асистенции.

Азар се пресели во Андерлехт, од Борусија Дортмунд во септември 2023 година, за четири милиони евра, и потпиша договор до летото 2026 година. Во шампонатот на Белгија, во плеј-офот, Андерлехт е на првото место со 38 бода. На второто место е Унион (35), а на третото Бриж (33 поени).

Трансфермаркт го проценува Азар на шест милиони евра. Во професионалната кариера тој играше за Ленс, Челси, Борусија Дортмунд и за ПСВ.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО