Хајдук поставува „црни“ клупски рекорди

Минатиот викенд сплитски Хајдук го забележа петтиот последователен пораз, од Осиек (1:2), во сите натпреварувања, што е „црна“ низа незабележана од пролетта 1980 година.

Тогаш Хајдук загуби од Динамо, Будуќност, Црвена ѕвезда, Раднички и од Вардар. Таа серија почна веднаш по елиминацијата од Хамбургер во четвртфиналето од Купот на шампиони (КЕШ), по што тимот психолошки се распадна и сезоната ја заврши на петтото место во тогашното првенство на СФРЈ.

„Белите“ од Сплит сега соборија еден негативен клупски рекорд. За прв пат во 113-годишната историја, Хајдук претрпе четири последователни порази на домашен терен во сите натпреварувања, од Локомотива, двапати од Динамо и од Осиек.

Хајдук сезонава загуби повеќе натпревари на „Пољуд“ отколку во последните две сезони заедно. Шест порази на домашен терен беа забележани и во 2020/21-та што е клупски рекорд. Само Славен Белупо и Рудеш имаат повеќе порази од „белите“ на домашен терен сезонава.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО