Симболична казна за Роналдо

Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо казнет е со еден натпревар неиграње поради „провоцирање на навивачите“ по победата против Ал-Шабаб, 3:2.

Навивачите на Ал Шабаб на тој меч na Роналдо му го скандирале името на неговиот долгогодишен ривал „Меси, Меси“. На тоа Роналдо (39) непримерно реагирал, за што покрај суспензијата од еден меч ќе треба да плати и парична казна од 7.300 евра!

Роналдо му се приклучи на Ал-Наср како слободен играч од Манчестер јунајтед во декември 2022 година, за наводно, најголемата фудбалска плата во историјата.

Тој сезонава постигна 20 гола на 22 првенствени натпревари за Ал-Наср, кој е втор на табелата зад Ал-Хилал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО