Ибрахимовиќ откри зошто се врати во Милано

Поранешниот фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ, сега оперативен партнер и советник на сопствениците на италијанскиот клуб, зборуваше за одлуката да се врати во таборот на „росонерите“.

-Се сретнавме со сопственикот на клубот Кардинале три месеци по моето пензионирање. За него знаев дека е импресиониран од мојот стил. Тoj tогаш ми понуди нешто што не можев да одбијам!, рече Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот во кариерата играше Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер јунајтед, Лос Анџелес Галакси и Милан.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО