Шлотербек: Со нетрпение го чекам мечот

Фудбалерот на Германија, Нико Шлотербек, е крајно мотивиран за денешниот меч со Данска на Европското првенство бидејќи истиот ќе биде одигра на стадионот –„Сигнал Идуна Парк“ или токму на теренот на кој Шлотербек игра за Борусија Дортмунд.

– Кога ќе играм на првенствен натпревар, подготовката е различна. Се обидувам да создадам позитивна атмосфера иако не сум меѓу стартерите – вели корпулентниот играч на „панцирите“.

– Секогаш може да се очекува добра атмосфера во Дортмунд. Цел стадион и цела држава ќе не поддржат. Верувам дека ќе победиме изјави Шлотербек.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО