Сабаленка елиминирана, го скрши рекетот и замина без поздрав

Украинката Анхелина Калинина ја победи Арина Сабаленко во три сета во третото коло на ВТА турнирот во Мајами.

Калинина, 35. тенисерка на ВТА листата, првиот сет го доби со 6:4, вториот го загуби со 1:6, но во третиот беше доминантнa, 6:1. Натпреварот траеше два часа.

За Сабаленка ова беше крај на трауматичната недела во Мајами.Taa настапи на турнирот и покрај смртта, наводно самоубиство, на нејзиното поранешно момче, Константин Колцов.

Мечот против Украинката како и претходниот го одигра во комплет црна опрема.

Грешките, пропуштените прилики ја доведоа до фрустрација, па во неколку наврати лута и беспомошна го тресна рекетот на теренот. На крајот и го скрши, тоа се случи по последниот поен на Украинката, а потоа ја наведна главата и го напушти теренот без да се поздрави со противничката.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО