„Одбивме 200 милиони за Јамал“

Џоан Лапорта, првиот човек на Барселона, објави дека ја одбиле понудата од 200 милиони евра за 16-годишниот Ламин Јамал.

Понудата за за еден од најперспективните играчи во светот била испратена од „Паркот на принцовите“ во Париз.

„Нашиот одговор за Јамал е не. Сите негови и наши амбиции се поврзани со Барселона. Иако медиумите пишуваат дека сме во лоша финансиска состојба, немаме притисок да продаваме играчи. Ние сме во фаза на финансиска стабилизација и ја гледаме светлината на крајот од тунелот. Повеќе нема да купуваме суперѕвезди, туку само играчи кои можат да се вклопат во нашиот стил на игра“, изјави Лапорта.

Светскиот рекорд изнесува 222 милиони евра, колку што ПСЖ на Барселона во 2017 година и плати на Барселона за Нејмар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО