Сабаленка до својот стручен штаб: Ви благодарам што загубив уште едно финале!

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка, се обиде да биде иронична на сметка на нејзиниот стручен штаб, откако го загуби финалето на мастерсот во Рим против Ига Швјонтек.

Таа загуби во два сета со 6:2 и 6:3, во 11 меѓусебен дуел против полската тенисерка, која Арина ја добива осми пат.

Арина по мечот пред публиката во Рим го прозва својот стручен штаб поради поразот и загубата на уште еден трофеј.

– На крајот, но не и најмалку важно, имам да им кажам Благодарам на мојот тим што загубив уште едно финале, порача Сабаленка и ги насмеа сите присутни на трибините.

Веројатно сака да се шегува, но веројатно има и малку вистина во кажаното. Којзнае, можеби и ќе има разделба со дел од стручниот штаб.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО