Гвардиола ги израдува навивачите пред последното коло во ПЛ

Во Англија денес се игра последното коло од сезоната во Премиерлигата, а математиките се јасни.

Манчестер Сити влегува како лидер со +2 пред Арсенал, а игра на домашен терен против Вест Хем, па работите се јасни, треба со победа да ја заверат титулата, од друга страна, Арсенал игра против Евертон и тие мора да победат, па евентуално да чекаат кикс на лидерот.

Пред натпреварот денеска со Вест Хем, Пеп Гвардиола ги израдува навивачите, со што најави дека и идната сезона ќе остане во Манчестер.

– Да, имам договор и сакам да бидам овде. Мојот план е да бидам тука и следната сезона, порача Пеп Гвардиола.

Доколку ја освојат титулата, Сити ќе биде четврти пат по ред шампион во Премиерлигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО