„Падна“ Тајсон Фјури – но тврди дека всушност тој победил!

Тајсон Фјури ноќеска доживеа прв пораз во кариерата. Во борбата со апсолутниот шампион во светот Олександр Усик.

Но се чини дека Фјури не сака да го признае поразот, па го темели со тврдење дека победата на Усик е монтирана, односно му е доделена само поради војната во Украина.

Олександр Усик со фантастична изведба го победи Тајсон Фјури во Саудиска Арабија. Украинецот се извлече од тешка ситуација и во клучните моменти од борбата го уништи „кралот на циганите“ како што го нарекуваат.

Фјури не сакаше да се помири со одлуката на судиите, смета дека му е одземена чиста победа и дека во прашање е дипломатија.

– Верувам дека победив. Зеде неколку рунди, но јас ги земав повеќето. Сепак, двајцата одигравме добар меч. Неговата земја е во војна и луѓето сочуствуваат со тоа. Јас тврдам дека победив на овој меч, порача Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО