Роналдо со коментар за Мбапе го собори рекордот за „лајкови“ на Инстаграм

Килијан Мбапе конечно се пресели во Реал Мадрид. Трансферот што се најавуваше и се чекаше две години се реализира, а со тоа се оствари желбата што 25-годишниот играч ја имаше уште како момче, кога беше на проба во Реал.

Мбапе трансферот, еден од најголемите во историјата, го одбележа и на Инстаграм. На фотографијата на која е како 12-годишник во тренерка на Реал, тој напиша колку е горд и среќен што конечно е играч на Реал и како со нетрпение ги очекува предизвиците што му претстојат.

Неговата објава доби над 23 милиони „лајкови“ и околу 770.000 коментари. Меѓу нив, еден е историски. Бројни великани таму му посакаа се’ најдобро и му честитаа за трансферот. Но, многу повеќе внимание од коментарите на Серхио Рамос или на Дејвид Бекам привлече тој на Кристијано Роналдо.

Тој коментираше „Мојот ред е да гледам. Возбуден сум што ќе гледам како ќе го запалиш Бернабеу. Хала Мадрид“.

До утринава, до 9 часот, коментарот на Роналдо имал над 5,1 милиони „лајкови“, што е нов рекорд на Инстаграм. Откако популарната социјална мрежа беше лансирана пред 14 години, ниту еден коментар или одговор на објава немала толку „лајкови“.

Роналдо го надмина досегашниот рекордер Рид Харингтон, кој го држеше првото место со 3,7 милиони „лајкови“.

Интересно во контекст на ова е што најголемиот ривал на Роналдо, Лионел Меси го држи рекордот според бројот на „лајкови“ на објава или статус. На објавените фотографии со пехарот за светски шампион во Катар 2022 година, тој доби 75,5 милиони „лајкови“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО