Организацијата на ЕМОИ 2025 тече во најдобар ред

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, во Букурешт поднесе извештај до генералното собрание на Европските олимписки комитети (ЕОК), за досегашниот прогрес во однос на тековната организација на Европските младински олимписки игри (ЕМОИ) во Скопје 2025-та.

Со голема поддршка од ЕОК и од националните олимписки комитети (НОК), извештајот за овој амбициозен проект беше оценет како исклучително успешен.

МОК, во партнерство со македонската Влада и градот Скопје, како и во партнерство со НОК и приватниот сектор, ќе ги организира ЕМОИ во Скопје, во периодот од 19 до 26 јули 2025 година

= Најдобрите млади македонски спортисти ќе учествуваат во сите спортови кои се на програмата на овие Игри кои се најголем олимписки мултиспортски настан во Македонија од нејзината независност.

Веруваме дека младите македонски спортисти ќе се прикажат во најдобро издание на овие Игри и ќе постигнат високи спортски резултати, истакнуваат од МОК.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО