Роналдо не го продава Валјадолид под пазарната вредност, за само 29 милиони евра!

Роналдо, претседател и најголем акционер на шпанскиот второлигаш, Валјадолид (82 отсто), ја одбил понудата од 28,7 милиони евра од градежната компанија „Инексо“ да купи 66 отсто од акциите во сопственост на поранешниот бразилски фудбалер и на тој начин да ја преземе контролата врз клубот.

Понудата на „Инексо“, компанија формирана пред 13 години, во сопственост на Хавиер Ресио и Серхио Рело, доаѓа три недели откако Роналдо го продаде својот удел во бразилскиот Крузеиро и најави дека неговиот удел во Валјадолид ќе биде следен на продажба.

Веста до медиумите ја пренесе Радио Валјадолид, како и одбивањето на Роналдо да се ослободи од 66-те отсто акции, бидејќи понудата, според весникот „Ел Норте де Кастилја“, е под пазарната вредност според мислењето на претседателот.

Роналдо смета дека понуда од 40 до 50 милиони евра, или околу 70 до 80 милиони, во зависност од тоа дали клубот е во Ла лига, би била фер бројка за неговиот удел во клубот.

Таа сума е далеку од понудата на „Инексо“ која го спонзорираше Валјадолид за време на пандемијата на ковид-19 и која ги направи последните реновирања на клупскиот стадион.

Наводно, „Инексо“ би била подготвена да купи 66 отсто од акциите за 28,7 милиони со следната хронологија на плаќање: 10 милиони во моментот на продажбата, уште 10 милиони до крајот на 2025 година и останатите 8,7 милиони до средината на 2027 година. Во случај клубот да се пласира во Ла Лига, „Инексо“ би платил уште осум милиони евра.          .

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО