За навивачите Палмер е најдобар играч во Премиер лигата сезонава

Офанзивниот играч од средниот ред на Челси, Кол Палмер, е најдобриот играч во англиската Премиер лига за сезоната 2023/24, според навивачите. Ова го објави прес-службата на Професионалната фудбалска асоцијација на Англија на социјалните мрежи.

Во туку што завршената сезона од англискиот шампионат, 22-годишниот фудбалер настапи на 34 натпревари, на кои постигна 22 гола и 11 пати асистираше.

Ова признание првпат беше доделено на крајот од сезоната 2019/20, и го доби десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд.

Палмер е првиот играч на Челси што го добива признанието. Тој минатото лето се пресели во лондонскиот клуб од Манчестер сити каде што ја почна кариерата. Палмер има договор со Челси до летото 2030-та, со опција за продолжување на уште една година.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО