(ВИДЕО) НБА лига, плеј-оф: Селтикс по продолжението ги победи Пејсерс во првиот меч

Бостон селтикс триумфира над Индијана Пејсерс со 133:128, по продолжението, во првиот натпревар од финалето на Источната конференција.

Џејлен Браун од Селтикс постигна тројка на шест секунди до крајот, за израмнување на 117:117 и за продолжение, во ТД Гарден во Бостон. Џејсон Тејтум мечот го заврши со 36 поени (и 12 скока), меѓу кои и тројката во последната минута за  триумф на Селтикс.

– Добредојдовте во НБА плеј-офот. Се’ може да се случи. Не е готово ништо додека не се огласи звукот на сирената за крај. Најдовме начин да го добиеме натпреварот, изјави Браун, кој постигна 26 поени, плус седум скока и пет асистенции.

Рик Карлајл, тренерот на Пејсерс, кои имаа дури  21 загубена топка. изјави дека „поразот целосно е на мене“ откако не успеа да повика тајм-аут пред решавачките поени на Браун.

Победничкиот тим од серијата ќе се соочи со подобриот во финалето на Западот, Минесота тимбервулфс или Далас маверикс.


 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО