Роналдо и Невес ќе ја пропуштат првата контролка на Португалија пред ЕП

Ѕвездата на Португалија, Кристијано Роналдо ќе го пропушти првиот пријателски натпревар на својата репрезентација пред Европското првенство (ЕП) 2024 година, утре против Финска.

Роналдо доби еднонеделен одмор од Стручниот штаб на репрезентацијата по завршувањето на првенството на Саудиска Арабија. Поради истата причина и играчот од средниот ред на Ал-Хилал, Рубен Невес ќе го пропушти натпреварот со Финците. Двајцата играчи ќе пристигнат во репрезентацијата следниот викенд.

Португалија пред ЕП ќе игра уште со Хрватска (8 јуни) и со Ирска (11 јуни). ЕП во Германија ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули. Противници на Португалците во групната фаза ќе им бидат Чешка, Грузија и Турција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО