Романија прва во групата Е

Фудбалерите на Словачка и Романија ремизираа 1:1 во натпреварот од последното, трето коло во групата Е.

Тие се пласираа во нокаут фазата на Европското првенство по „пријателската“ поделба на бодовите.

Словачка и Романија одиграа без победник, како и Белгија и Украина, каде резултатот остана 0:0.

Сега Романија оди во следната фаза од првото место поради подобра гол разлика, Белгија е втора, додека Словачка ќе мине како трета.

По исходот во групата Е добивме нова двојка во нокаут фазата на ЕП.

Спорниот финиш на таа група доведе до тоа сите три екипи да завршат со ист број бодови за прв пат во историјата на турнирот.

Романија, Белгија, Словачка и Украина имаа по четири бода, а Украинците беа првата селекција што испадна со четири бода.

Во двата последни меча беше забележано нерешено, а Белгијците по којзнае кој пат избраа да одат на потешката страна на ждрепката, иако не ја победија Украина за да ја прескокнат Романија и да си ја олеснат работата.

Вака избраниците на Доменико Тедеско ќе играат против Французите во осминафиналето.

Веќе се познати уште два пара: Германија и Данска, односно Италија и Швајцарија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО