„Критична порака“ до „Гробари“: Покажете и го на Европа она за кое се зборува

Челниците на Партизан пред утрешната трета пресметка во АБА финалната серија против Црвена Звезда, испратија јасна порака до навивачите.

Сите во Партизан се свесни дека нема простор за разочарување и дека фокусот мора да остане главен приоритет, со цел да дојдат до прва победа и евентуално да ја преживеат серијата и да закажат четврти натпревар, во кој би барале егал.

По воведните две победи на Црвена Звезда во „Пионир“, за Партизан опција е утревечер само победа и ништо друго.

– Почитувани навивачи на Партизан, вие кои сте движечката сила, вие на кои ви се восхитува цела Европа, утре сте пред тест, сите ние. Сите заедно мораме да бидеме на својот максимум со цел да избориме победа и да ја одбраниме титулата. Заостанувањето не е мало, но обединети можеме да го надополниме.

– На овој начин клубот се обраќа до навивачите, секој поен е важен, секоја секунда пресудна. Бидете гласни и страствени. Уште еднаш покажете дека сте најдобри со поддршката. Се бориме за победа на терен и на трибини. Нека натпреварот помине без навреди по било која основа. Партизан е над сите, покажете колку ви значи, сите заедно до победа, порачаа во соопштението на Партизан.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО