Македонскиот ракометен суперлигаш и освојувач на ЕХФ Купот, РК Алкалоид, се пресели во Маврово, каде што започна со висински базични подготовки за новата сезона – како на домашна, така и на европска сцена.
Тимот на Кирил Лазаров е комплетен, а следните десет дена ќе бидат посветени на интензивна работа во планинските услови. По тоа, Алкалоид ќе продолжи со подготовките преку контролни натпревари во Србија и Хрватска, каде ќе се соочи со ривали од регионот и ќе ја темпира формата пред стартот на натпреварувањата.