Фудбалер на Севилја осуден на осим ипол години затвор

Фудбалерот Рафа Мир (28) е осуден на осум и пол години затвор за сексуален напад врз девојка, одлучи судот во Валенсија. Злосторството се случило на 1 септември 2024 година, во куќата на Миро во станбената област Торе ен Конил во Бетера, Шпанија.

Со пресудата, која сè уште не е конечна, Мир е осуден на седум години затвор за сексуален напад и дополнителни 18 месеци за нанесување телесни повреди. Судот, исто така, му изрече забрана од десет години за приближување кон жртвата на растојание помало од 500 метри и му наложи да плати 14.000 евра отштета за телесни повреди и 50.000 евра за душевна болка.

Во истата постапка е осуден и пријателот на Мир и помалку познат фудбалер Пабло Хара. Тој е осуден на две години затвор за сексуален напад и дополнителни шест месеци за кривично дело против моралниот интегритет поврзано со друга жртва. На Хара му беше наредено да плати и 280 евра за физички повреди и 6.000 евра за ментална болка.

За време на судењето, жртвата сведочеше дека Мир стоел блиску до неа и дека изразила желба да си замине. На крајот, судот нареди и да се покрене истрага за евентуално лажно сведочење на локалните полицајци од Бетера кои први биле вклучени во случајот.

Рафа Мир е шпански фудбалер кој игра како напаѓач. Тој е член на Севилја од 2021 година, а минатата сезона ја помина на позајмица во Елче. Ја започна својата кариера во Валенсија, а играше и за Вулверхемптон, Лас Палмас, Нотингем Форест и Уеска. Во Ла Лига, највисокото ниво на шпанскиот фудбал, одигра 162 натпревари и постигна 40 гола.

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО