Рикен доби нова улога

Ларс Рикен, кој беше на чело на младинските фудбалски тимови во Борусија Дортмун, од први мај ќе биде нов генерален спортски директор, соопштија „милионерите“. Неговиот договор ќе биде до 2027 година. Спортскиот директор на клубот, Себастијан Кел, ќе остане на функција.

Рикен е поранешен германски репрезентативец. Тој постигна еден од головите во победата против Јуве во финалето на Лигата на шампионите во 1997 година. Германскиот фудбалски состав неодамна објави дека Свен Мислинтат се враќа на местото технички директор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО