РФМ ги објави сатниците за завршните турнири во Купот на Македонија

Ракометната федерација на Македонија в четврток ја одржа ждрепката за завршниот турнир на Купот. Извлекувањето кое се одржа во просториите на федерацијата ни ги даде паровите во машка и женска конкуренција.

Денес дополнително РФМ ги утврди и саатниците за натпреварите во битката за двата трофеи. Полуфиналињата ќе се одиграат на 16 и 17 мај, додека двете финалиња се закажани за в недела на 19 мај.

Саатници за натпреварите во машка конкуренција:

Полуфинале:

16.05.2024 – 19:30 часот (Алкалоид – Вардар 1961)

17.05.2024 – 19:30 часот (Тиквеш – Еурофарм Пелистер)

Финале – 19.05.2024 – 19:00 часот

Саатници за натпреварите во женска конкуренција:

Полуфинале:

16.05.2024 – 17:00 часот (ЖРК Куманово – ЖРК Ѓорче Петров)

17.05.2024 – 17:00 часот (ЖРК Вардар – ЖРК Чаир)

Финале – 19.05.2024 – 16:00 часот

Минатата година трофеите ги освоија екипите на Вардар во машка и ЖРК Куманово во женска конкуренција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО