Емери: Многу сум задоволен од новиот договор

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, изрази задоволство од неговиот нов договор со тимот од Бирмингем. Клубот во вторникот објави дека тој потпишал договор до 2027 година. Веста доаѓа по гласините дека тој е еден од кандидатите за тренер на Баерн Минхен.

„Среќен сум и многу мотивиран. Откако пристигнав пред година и пол, очекувањата постепено се зголемуваа, но имаме уште многу работа. Потпишав на три и пол години, но има клаузула за уште една. Секако дека сум многу среќен“, изјави Емери.

Вила ја продолжува битката со Тотенхем за четврто место и пласман во Лигата на шампионите. Астон Вила утре му гостува на Челзи. Имаат шест бода предност пред Тотенхем, кои одиграа два натпревари помалку, но имаат исклучително тежок распоред до крајот на сезоната.

-Имаме голема мотивација. Ние сме реални бидејќи сме конкурентни. Пред пет месеци, дури и пред еден месец ме прашаа дали сме кандидати за топ 7 или сме кандидати за пласман во Лигата на шампионите. Мојата порака отсекогаш била иста – дека не сме. Секако дека веќе сме 35-то коло и на позицијата во која се наоѓаме секако дека можеме да го постигнеме тоа.

Ние сме кандидати за топ 4, но мора да се бориме со друг претендент како Тотенхем и ќе биде тешко. Целта пред нас е голем чекор кој се надевам дека ќе можеме да го направиме. Продолжуваме во Лига Европа, што е уште еден важен чекор напред. Многу сум горд што додадовме нова цел – да избориме пласман во Лигата на шампионите, изјави Емери.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО