Бранко Ангеловски ќе го води вториот тим на РК Е.Пелистер

Екипата на Е.Пелистер 2 во новата сезона од суперлигашкото друштво ќе има нов тренер, тоа ќе биде поранешниот македонски репрезентативец и битолска ракометна легенда, Бранислав Ангеловски.

За предводник на Е.Пелистер 2, воедно и тим-менаџер, е именуван Бранко Ангеловски. Ова е своевидно враќање на Ангеловски во клубот, откако претходно беше играч на Пелистер, а до неодамна и спортски директор и тренер.

Со своето искуство и неспорен квалитет раководството на пелистерци смета дека Ангеловски е најсоодветен избор за оваа позиција.

Неговото претставување предвидено е за почетокот на подготовките на крајот од месец јули.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО