Ретклиф ги игнорираше прашањата за Тен Хаг

Ретклиф ги игнорираше прашањата за Тен Хаг

Новиот инвеститор во Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, не даде конкретен одговор дали Тен Хаг ќе остане на кормилото на „црвените ѓаволи“. Холандскиот тренер вчера се израдува на пахарот во ФА Купот на Англија откако беше совладан тимот на Манчестер Сити во финалето на „Вембли“. Ретклиф додека одеше кон соблекувалната за да им го честита успехот на фудбалерите, не сакаше да коментира за Тен Хаг. „Чувството за победа во финалето на ФА Купот на Вембли е одлично. Манчестер Јунајтед очигледно не беше фаворит, но играчите одиграа целосно посветено, ги покажаа своите вештини и победија еден од најголемите тимови во фудбалот“ – вели новиот ко-сопственик на Јунајтед.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО