Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, кој ќе се обиде да ангажира повеќе фудбалери во текот на летото, вели дека заминувањето на Килијан Мбапе, тешко ќе може да се надополни.
-Имав среќа да го тренирам Килијан, му беше тешко по седум години минати во клуб и се што постигна, тешко е да се каже збогум“, рече Енрике.
-Нема начин да го замениме Мбапе, ќе се обидеме да го надоместиме неговото отсуство со четири, пет или шест нови засилувања. Голем предизвик за секој играч кој сака да дојде е тоа што сакаме да напишеме историја и да ја освоиме Лигата на шампионите“ – потенцира Енрике.