Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе има можност да го купи левиот бек на Џирона, Мигел Гутиерез за само 8 милиони евра, објави новинарот Фабрицио Романо.
Според Романо, за слична откупна опција клубовите разговарале при трансферот на играчот во Џирона. Инаку рокот на важност на износот за откуп од 8 милиони евра е ограничен. Реал Мадрид ќе можат да го вратат Гутиерез по ниска цена до крајот на јуни.
Да потсетиме, 22-годишниот фудбалер потекнува од школата на мадридскиот клуб. Гутиерез за Џирона игра од 2022 година. Оваа сезона дефанзивецот одигра 27 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол и шест асистенции.
Договорот на играчот со актуелниот клуб е со важност до крајот на јуни 2027 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт е 20 милиони евра.