Роналдо самоуверен: Точно знам што ќе се случи кога Мбапе ќе го облече дресот на Реал

Трансферот на Килиан Мбапе во Реал Мадрид е скоро завршена работа.

Околу таа ситуација, деновиве доаѓањето на Мбапе во Мадрид го искоментира Луис Назарио да Лима Роналдо, кој даде интересна формулација околу тоа што ќе се случува откако тој ќе го облече дресот во Реал Мадрид.

– Ајде прво да сочекаме тоа да стане официјално, но повеќе од јасно е дека сите во Мадрид се возбудени и го чекаат доаѓањето на овој фудбалер. Знам што ќе се случува откако Мбапе дојде во Мадрид, тој ќе биде најдобар фудбалер и ќе освои златна топка, а со неговото доаѓање Реал Мадрид ќе биде уште едно ниво повисоко меѓу европските гиганти, порача Роналдо.

Овој трансфер несомнено ќе биде еден од највозбудливите, а уште подобро за Реал Мадрид е тоа што овој трансфер ќе биде бесплатен, бидејки договорот на Килиан Мбапе во Париз завршува за неколку месеци.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО