Работнички се изнамачи со Феникс 2010!

Во првиот 1/4 финален меч од плеј – офот во нашата елитна кошаркарска лига, Работнички како домаќин го победи Феникс 2010 со 84:80.

Веднаш да кажеме дека фаворитот се изнамачи да дојде до посакуваната победа, гостите и тоа како покажаа заби што се вели, и до самиот крај беа во „игра“ за евентуално изненадување. Сепак на крајот Работнички ја оствари целта.

Првата четвртина домашните ја добија со 21:19, но затоа втората ја добија со +10 и се чинеше дека до крајот ќе биде тоа само рутинско одработување на овој натпревар. Но беше така. Имено Феникс 2010 фуриозно го заврши третиот период со 13:22, па така во последната четвртина имаше “тресење“ во редовите на нашиот најтрофеен клуб. Посебно кога на дваесетина секунди до крајот резултатот беше 82:80.

Најефикасен во победничкиот состав беше Трис со 18 поени, додека кај гостите Џонс впиша 14 поени.

Со овој триумф Работнички поведе со 1:0 во серијата со Феникс 2010

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО