Ѓоковиќ до публиката на Вимблдон: Дооооооообра ноќ! Ништо не ми можете, ги знам сите трикови

Србинот Новак Ѓоковиќ го победи Данецот Холгер Руне со 3:0, во сетови 6:3, 6:4, 6:2, во осминафиналето на Вимблдон и се пласира во четвртфиналето во кое ќе игра против Австралиецот, Алекс Де Минор.

Де Минор, деветтиот светски играч, го победи Французинот Артур Филс со 6:2, 6:4, 4:6, 6:3 и на тој начин првпат стигна до четвртфиналето на Вимблдон, односно трет пат на грен слем турнирите.

На мечот со Руне, Ѓоковиќ повторно наиде на непријателство кај добар дел од публиката на Вимблдон, а за нив имаше порака во изјавата по мечот.

– Им честитам од се’ срце на сите навивачи кои останаа тука и покажаа почит кон играчот, во овој случај за мене, и до сите оние кои избраа да покажат непочитување. Ви посакувам Дооооооооообра ноќ, рече Ѓоковиќ

Интервјуерот го предупреди дека можеби, на крајот на краиштата, само навивале за Руне.

– Не го прифаќам тоа, знам дека навиваа за Руне, но тоа е изговор за свиркањето. На турнирите сум повеќе од 20 години, ги знам сите трикови, но се’ е во ред.

Се фокусирам на луѓето кои го сакаат тенисот, што го платиле билетот, го ценам трудот на играчите Играв во многу понепријателски атмосфери, но ништо не ми можете, одговори Ѓоковиќ

Ѓоковиќ, најуспешниот тенисер на сите времиња со 24 победи, стигна до рекордното 60. четвртфинале на грен слем турнирите во кариерата.

Најмногу играше на Ролан Гарос (18), а најмалку на САД опен (13). Во Австралија 14 пати беше меѓу осумте најдобри, а ова му е 15. четвртфинале на Вимблдон, каде што седум пати го подигна победничкиот пехар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО