Пропадна трансферот на Хезоња – Челниците на Барселона го искинале договорот

Марио Хезоња кариерата нема да ја продолжи во Барселона. Оваа информација во текот на вчерашниот ден ја пренесоа сите релевантни кошаркарски медиуми. Хезоња со Барселона договорил четири годишна соработка, за годишна плата од три милиони евра.

Рикардо Гонзалес, новинар на „АС“, откри дека двете страни имале потпишан договор, но дека поради изјавите на Хезоња, челниците на Барселона решиле да го искинат договорот.

Изјавите на Хезоња по освојувањето на титулата во Шпанија ги налутиле челниците на Барселона.

„Јас секогаш сум перфекционист. Оваа година загубивме само еден натпревар кој го одигравме лошо и ја загубивме титулата (Евролига). Се чувствувам многу лошо поради тоа, но би сакал да им вратам на нашите луѓе, на мојот клуб, на Реал Мадрид.

Навистина се чувствувам многу комфорно, се чувствувам како да се мое семејство. Ме пречекаа со раширени раце кога многу луѓе глупости кои немаа врска со вистината. Би сакал сето тоа да го вратам со повеќе години овде и повеќе титули“, изјави Хезоња по победата во третиот меч во Мусрија.

Ова е изјавата на Хезоња поради која челниците на Барселона решиле да го искинат договорот со хрватскиот кошаркар.

Шпанските медиуми објавија дека Хезоња бил под договор за четири сезони плус опција за продолжување на уште една година.

Во потпишаниот договор имало излезна клаузула вредна 750.000 долари.

Истиот извор наведува дека Реал Мадрид се уште не ги започнал преговори со менаџерот на Марио Хезоња и дека се очекува тоа да се случи во наредните денови.

Шанса да испратат конкурентна понуда покрај Реал Мадрид ќе имаат и Партизан, Панатинаикос, Олимпија Милано и Анадолу Ефес.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО