Продолжува неверојатната сезона за Баер Леверкузен, 50 меча без пораз!

Баер Леверкузен го декласира Бохум, на гости со 5:0, што беше 50-ти натпревар во низа за „фармацевтите“ сезонава без пораз во сите натпреварувања!

Тимот на Чаби Алонсо сега е на само еден натпревар до завршување на сезоната во Бундеслигата без пораз. Баер, кој веќе ја осигура шампионската титула, доколку во последниот првенствен натпревар од сезоната, дома со Аугсбург во сабота не загуби, ќе стане првиот тим што кампањата во Бундеслигата ја завршил без пораз. Баерн Минхен загуби по еден меч во сезоните 1986/87 и 2012/13-та.

„Фармацевтите“ може да освојат уште два трофеја, во Лига Европа (ЛЕ) и во Купот на Германија, доколку ги добија финалните дуели. Во финалето на ЛЕ во Даблин, на 22 мај, Баер игра против италијанската Аталанта , а до домашниот куп, три дена подоцна, против Кајзерслаутерн во Берлин.

Баер е на прагот да освои три трофеи во една сезона, и тоа без пораз на 53 меча во низа со што ќе си обезбеди место во фудбалската историја!? Последен пат Леверкузен претрпе пораз во мај 2023 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО